• петок, 22 ноември 2024

ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран

ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран

Софија, 27 март 2024 (МИА) - „Продолжува промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) го доби вториот мандат за формирање влада од претседателот Румен Радев и веднаш го врати нереализиран.

Николај Денков, предложен за премиер од ПП-ДБ и премиер во оставка, ја прифати папката од шефот на државата, и веднаш ја врати, јави БТА.

Коалицијата ПП-ДБ побара изборите во Бугарија и Европскиот парламент да се одржат заедно, но шефот на бугарската држава посочи дека е доцна за такво барање.

Според Уставот, во рок од седум дена претседателот мора да додели трет мандат на пратеничка група по свој избор. Доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултации со пратеничките групи и на предлог на кандидатот за привремен премиер, именува преодна влада и закажува нови избори во рок од два месеца.

За технички премиер се именува претседателот на Народното собрание, гувернерот или заменик-гувернерот на Бугарската народна банка, претседателот или заменик-претседателот на Комората за ревизија и народниот правобранител или неговиот заменик.

- Нема да учествуваме во преговори за трет мандат, изјави копретседателот на пратеничката група на ПП-ДБ Кирил Петков.

Бугарските граѓани, за жал, повторно „ќе треба да одлучат каде да продолжат“, рече Николај Денков. Една од опциите е да се вратиме назад, каде што рекетирањето беше нормална практика и секој мораше да го трпи и да му се покорува, а посната пица беше главниот начин да се разговара за приходите на Бугарите. Или ќе продолжиме со европскиот развоен пат на Бугарија, во кој приходите се зголемуваат, а бизнисите и луѓето можат да сметаат на заштита и поддршка од државата кога се во тешка ситуација, коментира тој. Според него, коалицијата ГЕРБ-ДПС сака избори и тоа е резултат на нивната желба.

- На мое големо жалење, првиот мандат беше неуспешен бидејќи колегите од ГЕРБ-СДС не го испочитуваа договорот, изјави Кирил Петков.

- Ротацијата пропадна затоа што ГЕРБ и ДПС одлучија дека не се подготвени да се разделат од 100 отсто влијание во регулаторите и судството што го имаат во моментов, коментираше денеска копретседателот на ПП-ДБ, Христо Иванов. ссм/

фото: БТА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан