• вторник, 24 декември 2024

По половина век се асфалтира патот кон село Добрашинци во Општина Василево

По половина век се асфалтира патот кон село Добрашинци во Општина Василево

Струмица, 23 јануари 2024 (МИА) - По половина век во Општина Василево се асфалтира локалниот пат кон населеното место Добрашинци, на потегот од крстосницата кон браната „Турија“ до центарот на селото.

Како што соопштија од Општината, се работи за целосна реконструкција која опфаќа отстранување на стариот и оштетен асфалт, насипување, рамнење, тампонирање и асфалтирање.

Должината изнесува 1 320 метри, ширината 6 метри а дебелината на асфалтниот слој е 8 сантиметри. За асфалирањето на патот се потрошени околу 16 милиони денари, обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Овој патен правец покрај жителите на Добрашинци, го користат и соседните села Висока Маала, Нова Маала и Чанаклија. рт/дма/

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан