• среда, 17 јули 2024

По околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица

По околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - По околу половина час се чека за влез во државава на граничниот премин Табановце и за излез од државава на ГП Богородица, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан