• вторник, 19 ноември 2024

По одбивањето на Чави, Барселона разгледува други опции за наследник на Валверде

По одбивањето на Чави, Барселона разгледува други опции за наследник на Валверде
Барселона, 12 јануари 2020 (МИА) - Раководството на Барселона по одбивањето на тренерот на Ал-Сад, Чави веднаш да го предводи клубот, ќе разгледа неколку сценарија, пренесува „Cadena SER“. Првата опција е да се чека Чави, а до летото привремено да го назначи Хави Гарсија Пименте, тренер на Б-тимот на каталонскиот гигант. Втората опција е да назначи нов постојан тренер наместо Ернесто Валверде. Меѓу кандидатите се екс-тренерот на Бетис, Кике Сетен и поранешниот играч на Барса, Габриел Милито, кој го предводи Естудијантес. „Мундо Депортиво“ информира дека Каталонците ги следат и тренерот на холандската репрезентација Роналд Куман и тренерот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез, но нивното назначување е малку веројатно до Евро 2020. зс/

Остани поврзан