• петок, 22 ноември 2024

По Евертон и Нотингем, одземени бодови и на Шефилд

По Евертон и Нотингем, одземени бодови и на Шефилд

Шефилд, 11 април 2024 (МИА) - По одземањето, па враќањето, па одземањето на бодовите на Евертон, па одземањето бодови на Нотингем, сега настрада уште еден „помал“ клуб.

Шефилд Јунајтед ќе добие казна од два бода на стартот од следната сезона во Чемпионшип. Англиската фудбалска асоцијација ги казни за одредени неподмирени обврски што ги имаше кон другите клубови во сезоната 2022/23.

Тимот практично нема шанси да стигне до сигурната зона, па следната сезона се враќаат во Чемпионшип, а таму натпреварувачката година ќе ја започнат со минус од два бода. Покрај бодовната негатива, Шефилд ќе настрада и финансиски, кој ќе треба да плати нешто повеќе од 300 илјади фунти.

Англиската фудбалска лига се огласи и го расветли новиот случај.

-Санкцијата се однесува на сезоната 2022/23, кога клубот доцнеше со низа исплати на други клубови. Суспендираното одземање на поени ќе се активира доколку клубот не изврши било каква исплата на друг клуб според договор за трансфер или компензација повеќе од пет работни дена од датумот на доспевање на плаќањето“.дс

Фото: Фејсбук/Шефилд јунајтед

Остани поврзан