По грешка, со тенк пукал во кокошарник
- Во тој немил настан биле убиени поголем број кокошки, а причинета била и поголема материјална штета.
Рим, 19 март 2021 (МИА) - Во Италија, за време на воена вежба, еден тенк истрела проектил кон фарма со кокошки. Според тамошните медиуми, во тој немил настан биле убиени поголем број кокошки, а причинета била и поголема материјална штета.
Настанот се случил на воен полигон во близина на градот Виваро, на еден час пат од Венеција.
Патем, ова било екипаж со тенк „Чентауро“.
Голем дел од кокошарникот бил урнат. Обвинителството на покраината Порденоне почна истрага и нареди прекинување на вежбата со тенкови. си/