• недела, 22 декември 2024

По второто место на Светскиот куп во фолклор ООУ ,,Кузман Јосифовски - Питу" добива награда и од Општина Кисела Вода

По второто место на Светскиот куп во фолклор ООУ ,,Кузман Јосифовски - Питу

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски - Питу" од Општина Кисела Вода освои второ место на Светскиот куп во фолклор во Јесоло, Италија, а ќе добие награда и од општината. 

-Меѓу 500 учесници од 12 држави од светот, меѓу кои и избраниците на професорката по музика, Вера Ангеловска, нашите претставници од ова натпреварување се вратија со шест награди во различни категории, од кои највисоко е постигнатото второ место. Вокално-инструменталниот ансамбл, предводен од нивната наставничка и директорот на ООУ „Кузман Јосифовски - Питу", Андреја Стојановски, на покана од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ја посетија Општина Кисела Вода, каде разговараа за постигнатото, а тој им честиташе и ги информираше дека ќе бидат наградени и од општината, соопшти денеска Општина Кисела. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски им честитал за наградите и се заблагодарил за одличното претставување на училиштето на Светскиот куп во фолклор во Италија одлично го претставивте вашето училиште, Општината Кисела Вода и Република Македонија.

-Особена благодарност и честитки искажувам на вашата наставничка, која со својата посветена работа и стручност, во континуитет го води овој музички ансамбл до врвот. Нејзината серија успеси е инспирација за сите нас и пример за тоа што може да се постигне со вистински посветена работа и труд. Како знак на нашата благодарност и поддршка, општина Кисела Вода одлучи да ве награди со паричен ваучер. Оваа награда е симбол на нашето признание за вашите постигнувања и поттик за понатамошни успеси. Посветената работа и дисциплината се клучни елементи за успех во секоја област, а посебно во ваквите големи музички состави. Вашиот успех е доказ за тоа. Ми е особено драго што Македонија, која отсекогаш била препознавана по својата песна и квалитетни музичари, повторно се искачи на светската сцена благодарение на вас. Ви благодарам уште еднаш за вашата посветеност и за честта што ни ја донесовте. Продолжете со истата енергија и страст, и сигурен сум дека пред вас се многу нови успеси и признанија, изјавил градоначалникот Ѓорѓиевски.

Македонските претставници биле одбрани од  организаторот да ја предводат долгата редица од натпреварувачи низ улиците на Јесоло- со македонските песни и македонски знамиња, а биле и на прием кај градоначалникот на Јесоло, Кристофер Де Зоти, кој испратил поздрави до Македонците и желби за уште поголем успех во иднина на музичките таленти.лв/

Остани поврзан