• петок, 22 ноември 2024

Почнува 17. издание на Фестивалот за современи уметности АКТО

Почнува 17. издание на Фестивалот за современи уметности АКТО

Скоје, 30 септември 2022 (МИА) - Со перформативната интервенција „АКТО Акција: Да се пишува за градот!“ денеска во дворот на Архитектонски факултет – Скопје ќе почне 17- то издание на Фестивалот за современи уметности АКТО.

Фестивалот ќе се одвива во наредните три месеци под темата „Современи (не)демократии II: Грижата и заедничките простори“ со повеќе настани во Скопје, соопшти уметничкиот директор на АКТО фестивалот Филип Јовановски. 

„АКТО Акција: Да се пишува за градот!“ е сајт специфик перформативна интервенција како резултат од работата на тридневната работилница предводена од Филип Јовановски (Скопје) , Миодраг Куч (Берлин) и Борис Бакал (Загреб) во рамки на проектот работилница „Траги на скопскиот брутализам“ поддржана од ЕУ академската програма КОСТ и акцијата „Пишување урбани простори. Нови наративи за европскиот град“ (28-30.09.2022) и Архитектонски факултет Скопје.

Од Фестивалот најавуваат дека следуваат уште неколку настани во октомври и ноември 2022 година, интернационална изложба и симпозиум „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ курирана од Ивана Васева и Бојана Пишкур во соработка со Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова Љубљана, перформанс „Изгубени модернистички утопии“ на Филип Јовановски во соработка со ZK/U-Берлин, Фрлачи на сенки –Загреб, Архитектонски факултет Скопје, промоција на публикација „АКТО зборува 2006-2020“ со интернационални гости и програма од перформанси и друго...

Во 2021 и 2022 година АКТО се трансформира во неколкумесечна фестивалска платформа со двегодишна истражувачка тематика - современи (не)демократии. Идејата на АКТО, како што се наведува, е да прерасне од активна сцена на презентација во фестивалска платформа за продукција и едукација во областа на современата уметност преку уметнички истражувачки практики. мд/са/

Остани поврзан