• петок, 22 ноември 2024

Почнува 14. ЕХО фестивал за планински филм

Почнува 14. ЕХО фестивал за планински филм

Скопје, 23 октомври 2023 (МИА) - „Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Франција, „До планините и назад“, Канада и „Подземје“, Канада, вечер во Кино Фросина, МКЦ, го отвораат 14. издание на ЕХО фестивалот за планински филм.

Фестивалот ќе трае до 27 октомври и ќе понуди 55 филмови. Проекции ќе има во три кино сали, во Фросина и во Џепното кино (МКЦ), како и во Кинотека.

За време на фестивалските денови ќе бидат прикажани и архивски филмови од документаристот Трајче Попов, во соработка со Кинотеката.

-За годинашново издание успеавме да составиме програма од 55 филмови, објавување нова книга, четири презентации, мастер клас од полски режисер, еколошка панел дискусија, филмски фокус на македонски автор документаристот Трајче Попов (проектиран на филмска лента во Кинотека), велат организаторите.

Во рамки на ЕХО фестивалот ќе има и конкурс за најдобра планинска фотографија, собрание на Меѓународна алијанса за планински филм, изложба на фотографии, како и четири детски работилници во дополнителната програма. мч/мд/

 

Остани поврзан