• понеделник, 23 декември 2024

Почнува јубилејното 20-то издание на „ОФФест“

Почнува јубилејното 20-то издание на „ОФФест“
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Дваесеттото издание на „OFFest“ започнува денеска, а ќе трае до 13 ноември. Како што информираат од Скопскиот џез фестивал, сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина и Раул Рефри“, кое испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia, посветен на култната кралица на фадото. На програмата на фестивалот се повеќе музички изведувачи меѓу кои триото „ШИРОМ“ од Словенија, гитаристот/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Кико Динучи и неговата специјална гостинка Јусара Марсал. На фестивалот ќе настапи и африканскиот автор Блик Баси (Камерун/Франција) кој одлично се вклопува во неодоливиот шарм, визија и поезија на Пијан славеј (Македонија), новиот проект на Бранислав Николов, фронтменот на Фолтин. Фестивалот се одржува во Македонската опера и балет.ар/са/        

Остани поврзан