• недела, 28 јули 2024

Почнува осминафиналната фаза на Евробаскет 2022

Почнува осминафиналната фаза на Евробаскет 2022
Берлин, 10 септември 2022 (МИА) – На Европското кошаркарско првенство по вчерашниот слободен ден, продолжуваат возбудувањата со половина од натпреварите во осминафиналната фаза. Средбите ќе се играат во „Мерцедес Арена“ во Берлин а двојките за денес се: Турција – Франција (почеток 12:00 часот) Словенија – Белгија (14:45) Германија – Црна Гора (18:00) Шпанија – Литванија (20:45). Преостанатите четири средби од осминафиналето се закажани за утре: Украина – Полска (почеток 12:00 часот) Финска – Хрватска (14:45) Србија – Италија (18:00) Грција – Чешка (20:45). зс/

Остани поврзан