• петок, 22 ноември 2024

Почнува нов бран мобилизација на Русите за служење на воениот рок

Почнува нов бран мобилизација на Русите за служење на воениот рок

Москва, 29 септември 2023 (МИА) - Русија започнува уште еден бран на регрутирање од 1 октомври, но Aрмијата ги уверува идните војници дека нема да војуваат во Украина, јави ДПА.

Војниците ќе бидат повикани на 12 месеци основна воена обука, но нема да бидат распоредени во воена зона, рече контраадмирал Владимир Зимљански, кој е одговорен за регрутирање.

-Има доволно доброволци кои „вршат соодветни задачи“ во Украина, посочи тој.

Во Русија има два брана на регрутирање годишно. Според соопштението на Генералштабот, мажите по завршување на воениот рок треба да се вратат дома. Сепак, тие можат да се обврзат и на борбени операции во Украина на договорна основа.

Зимљански не даде конкретни бројки за тоа колку регрути ќе бидат повикани овој пат за време на есенското регрутирање. Вообичаено, околу 120 илјади регрути го завршуваат својот воен рок. Пролетта беа поканети 147 илјади луѓе, рече Зимљански.

Според официјалните руски податоци, околу 300 илјади доброволци се пријавиле за воена служба во последните месеци. Покрај тоа, за време на делумната мобилизација минатата година беа повикани 300 илјади резервисти. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан