• понеделник, 23 декември 2024

Почнува Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“

Почнува Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Со концерт на најдобрите млади гитаристи денеска почнува 15-то издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“, во организација на Детскиот културен центар.

Концертот ќе почне од 19 часот во Музејот на македонската борба. Утре во истиот термин во Националната филхармонија ќе настапат El Sonido De La Vida - Carlos Sancez од Шпанија, а задутре во Музејот на македонската борба ќе настапат Jimmy Liu (Shih-yu Liu) од Tајван и Cassie Martin од Франција.

Овој културен настан, како што посочуваат од Детскиот културен центар, ги обединува љубителите на класична гитара, а во текот на изминатите 15 години прераснал во културен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара.

Покрај трите концертни вечери, во текот на овој музички фестивал ќе се одржат и мастер часови и работилници од областа на класичната гитара и фламенко.

Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло" се одржува под покровителство на Град Скопје, а влезот е слободен. бак/лв/

Фото: Детски културен центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан