• четврток, 19 декември 2024

Почнува втората фаза од теренската вакцинација во руралните средини во Делчевско

Почнува втората фаза од теренската вакцинација во руралните средини во Делчевско
Делчево, 22 септември 2021 (МИА) - Во Делечво почнува втората фаза од теренската вакцинација во руралните средини. Како што информираа од јавната здравствена установа „Гоце Делчев", согласно распоредот теренската вакцинација ќе започне од селото Разловци.
-Втората фаза од теренската вакцинација започнува од четврток, 23 септември, во Разловци. Истата ќе се одвива во периодот од 8 до 11 часот во здравствениот пункт во ова село, а следниот ден, 24 септември, ќе бидат опфатени жителите на село Тработивиште, кои во периодот од 8 до 10 часот исто така ќе можат да се вакцинираат во здравствениот пункт во ова село, истакнаа од Делчевскиот здравствен дом.
Во деновите од викендот нема да се врши теренска вакцинација, а истата ќе продолжи од идниот понеделник.
-Од идниот понеделник и вторник теренска вакцинација ќе се врши во селата Звегор и Габрово, каде што жителите од овие села во периодот од 8 до 10 часот ќе можат да се вакцинираат во просториите на подрачните училишта во овие две села, додадоа од ЈЗУ „Гоце Делчев".
Од Здравствениот дом во Делчево додадоа дека вакцинацијата е доброволна и бесплатна и упатија апел граѓаните исто така да ги посетат вакциналните пунктови во Делчево и да го остварат своето право на вакцинација.вс/бт/

Остани поврзан