• понеделник, 23 декември 2024

Почнува амандманската расправа за новиот Предлог Деловник на Собранието

Почнува амандманската расправа за новиот Предлог Деловник на Собранието

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за деловнички и мандатно - имунитетни прашања денеска ќе ја започне амандманската расправа за Предлог на Деловник на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери, како негов предлагач поднел неколку амандмани, а поднеле и Левица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. 

Според информациите од Собранието, Комисијата ќе работи по амандманите доколку е потребно и за време на викендот, а координаторите на пратеничките групи во текот на вчерашниот ден ги усогласувале ставовите по одредени амандмани.

-Се очекува да се прифатат дел од амандманите кои се дел претходно прифатени со консензус од координаторите на пратеничките групи, најавил вчера претседателот на Собранието Џафери на средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килијан Вал. Претседателот на Собранието рекол дека правилата за работа на Собранието мора да бидат прецизни затоа што се најдобриот инструмент за функционален парламент.

Новиот деловник на Собранието, според најавите на Џафери, се очекува да биде донесен со консензус и најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Новиот деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата се разговараше за

На вчерашната средба на Џафери со амбасадорот Вал, тој се заблагодарил на поддршката што Собранието ја добива од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на изминатиот период, меѓу другото, и за прашања од предлог деловникот. Џафери нагласил дека целта на сите учесници во изготвувањето на новиот предлог деловник е да се спречат сите несакани случаи на блокирање на работата на законодавниот дом, поучени од досегашното искуство во изминатите 30 години. ев/са/

ФОТО: МИА Архива

 

Остани поврзан