• петок, 22 ноември 2024

Почна 50. Струшки ракометен турнир

Почна 50. Струшки ракометен турнир
Струга, 16 август 2022 (МИА) - Со интонација на македонската химна и претставување на учесниците вечерва на ракометното игралиште „Горан Попоски Бабец“ почна 50-тото јубилејно издание на Струшкиот ракометен турнир.
Претседателот на ракометниот клуб „Струга“ Кирчо Јовановски изразувајќи благодарност до сите поранешни организатори, ентузијасти и вљубеници во ракометот, кои половина век давале придонес за реализација на меѓународната манифестација го прогласи турнирот за отворен.
Струшкиот ракометен турнир, според директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, значи премногу за ракометот во Струга. Како стружанец и поранешен ракометар, првите почетоци му биле токму во ракометниот клуб „Струга“.
- Турнирот значи многу за ракометот во Македонија, за Струга, но и општо за спортот. Многу репрезентативци излегуваат од тука. Агенцијата за млади и спорт како покровители оваа година се заложи турнирот да изгледа вака. Се надевам следната година ќе помине под покровителство на претседателот на државата и ќе се вброи во плејадата на врвни настани и манифестации, истакна Мојсоски пред почетокот на манифестацијата.
Струшкиот ракометен турнир почна со натпревар меѓу домаќинот РК „Струга“ и екипата на „Еурофсрм Пелистер“, со победа на битолчани со 27:23 (13:12). Веднаш по нив силите ги одмерија македонскиот шампион „Вардар“ и новиот суперлигаш „Алкалоид“ предводен од селекторот на Македонската репрезентација Кире Лазаров. „Вардар“ одбраната на титулата ја почна со победа во израмнет натпревар до последните моменти од мечот. Со гол на Стојанче Стоилов во поседните секунди победи со 24:22 (12:10). По официјалното отворање турнирот продолжи со натпревар меѓу РК „Бутел“ и словенечкиот претставник „Целје“.
Вториот ден од турнирот е резервиран за натпреварите меѓу екипите на „Алкалоид“ и „Целје“, „АЕК“ и „Татран Прешов“ и „Вардар“ и „Бутел“. сс/мд/
 

Остани поврзан