Почна уписот во прво одделение во Куманово, можат да се запишат 1.534 ученици, реонизацијата строго се почитува
- Почна уписот во шеснаесетте основни училишта во Куманово, кој ќе се одвива до септември. Годинава треба да се запишат 1.534 ученици, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од Општината. Уписот се врши во 16 општински основни училишта на територија на Куманово, за деца родени во 2019 година и деца родени до 31 јануари 2020 година, по одлука на родителите.
Куманово, 6 мај 2025 (МИА) - Почна уписот во шеснаесетте основни училишта во Куманово, кој ќе се одвива до септември. Годинава треба да се запишат 1.534 ученици, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од Општината. Уписот се врши во 16 општински основни училишта на територија на Куманово, за деца родени во 2019 година и деца родени до 31 јануари 2020 година, по одлука на родителите.
- Согласно со официјалниот список добиен од Министерството за внатрешни работи – доставен до училиштата, во Куманово годинава има 1.534 деца. Родителот е должен при упис на ученикот да го доведе и својот ученик на тестирање и да достават потврда за имунизација, примени вакцини, офталмолошки преглед и стоматолошки преглед од надлежна здравствена институција, изјави раководителот на секторот Александар Јовановиќ.
Првичните прегледи колку деца се отпишале и заминале во странство ќе има во јуни, но и тогаш нема да заврши уписот. Куманово, иако најголема општина не го одминува трендот на миграција кон западноевропските земји. Надлежните посочуваат дека е важно секое училиште да ги прифати учениците од својот реон.

- Согласно измените на Законот за основно образование, оваа пракса заминува во историјата. Училиштата веќе немаат обврска да издаваат вакви потврди и од сега секое училиште смее да запишува само ученици кои реално припаѓаат на неговиот реон. Сега стриктно училиштето треба да си ги опфати само учениците од реонот во кој живеат. Дополнително може да биде запишан само ученик во друго училиште доколку во тој реон нема настава на мајчин јази или доколку ученикот има потврда поради здравствено-социјален статус или детето треба да има наод и мислење доколку има посебни образовни потреби, изјави Јовановски.
Дел од училиштата во Куманово во урбаната средина се соочуваат со недостиг на ученици бидејќи не се почитуваше реонизацијата и најголем број од учениците ги запишуваа децата во централните училишта каде во една паралелка настава следат и по 30 ученика. Дел од наставниот кадар стравуваше дека ќе остане без работа поради недостиг на ученици во одредени урбани средини. Состојбата во руралните средини е изразена бидејќи таму има децениски одлив на ученици и миграција село-град, но и кон западноевропските земји.
Шеснаесетте основните училишта од градот имаат 49 централни и подрачни објекти. ам/мд/
Фото: МИА