• понеделник, 23 декември 2024

Почна третиот конгрес на штипските студенти од Факултетот за медицински науки

Почна третиот конгрес на штипските студенти од Факултетот за медицински науки

Штип, 17 мај 2024 (МИА) - Свечено отворен третиот студентски конгрес на студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот ,,Гоце Делчев" (УГД)- Штип. Голем број лекари, професори од земјава и студенти имаа можност да поминат квалитетно време заедно, да бидат дел од презентациите, но и да научат нешто ново. Ректорот на УГД- Штип, Дејан Мираковски, посочи дека на ваков начин се продолжува кон подобра иднина.

-Со гордост можам да кажам дека се работи за  настан кој навистина студентите со своите напори го организирале на едно високо ниво. Да научат едни од други, а со тоа да го продолжат патот кон една поздрава и посреќна иднина, рече Мираковски.

Чест и задоволство беше и за докторите кои беа задоволни од она што студентите го организраа со својот труд. Децидни дека ова треба да продолжи и во иднина со  поголем број на учесници.
Здравствените работници да останат во државата, да продолжи да се развива градот и универзитетот, порача градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданоов, кој беше дел од настанот. Посочи дека преку соработка на градот со универзитетот, придобивки има за сите.

-Посакувам младите здравствени работници да останат во Македонија, да бидат дел од здравствениот систем, а она кое е значајно за нас како град е да продолжи да се развива УГД. Ние имаме една одлична соработка, одлични проекти, вели Јорданов.

Конгресот на студентите по Општа медицина беше прекинат поради ковид пандемијата. Третиот студентски конгрес продолжува и утре. вдј/хс/

Фото: МИА 
 

 
 

 

Остани поврзан