• сабота, 23 ноември 2024

Почна реконструкцијата на улица во кумановска населба преку проект на Светска банка

Почна реконструкцијата на улица во кумановска населба преку проект на Светска банка

Куманово, 27 февруари 2024 (МИА) - Почна целосна реконструкција на улицата на улицата „300“ во населабата Ајдучка чешма во Куманово со вкупна должина од 620 метри, соопштија денеска надлежните.

- Реконструкцијата вклучува машински и рачен ископ, целосно тампонирање, асфалтна подлога на целата улица, тротоари со бекатон плочки, вертикална и хоризонтална сигнализација, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општина Куманово претходно аплицираше до Министерството за транспорт и врски за изградба на локалниот пат помеѓу селата Новосељане-Косматац-Мургаш, информираа во ноември, лани од општината. Покрај овој пат, општината подготви проект и за реконструкција на улицата „300“ во приградската населба „Ајдучка Чешма“.

-Проектот изградба на некатегоризиран локален пат село Новосељане-село Косматац-село Мургаш во Куманово, како и проектот за реконструкција на дел од улицата „. 300“ во „Ајдучка Чешма“ во Куманово, се аплицирани преку програмата за поврзување на локални патишта и улици, финансиски поддржани од страна на Меѓународна банка за обнова и развој-Светска Банка, преку потпишување на Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а во имплементација на проектна единица во Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија, со што Општината Куманово во целиот овој процес е краен корисник, а целокупната постапка ја спроведува проектна единица, велат од општината.

Оттаму додаваат дека во проектната апликација избрани се патниот правец помеѓу трите села како и реконструкција на улицата, бидејќи ги исполнуваат критериумите, начелата за финансирање на ваков тип проекти од Светска Банка. И патниот правец помеѓу селата и улицата во приградската населба се во исклучително лоша состојба. Пред неколку години општина Куманово делумно го тампонираше патот помеѓу селата Косматац и Мургаш. ам/цр


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан