• вторник, 05 ноември 2024

Почна реконструкцијата на дел од регионален пат на влезот во Велес

Почна реконструкцијата на дел од регионален пат на влезот во Велес

Велес, 31 октомври 2024 (МИA) - Почнаа градежни зафати на потегот од кружен тек кај мостот „Гемиџии“ кон бензинската пумпа „Лукоил“ под Спомен костурницата на еден од влезовите во Велес во должина од 550 метри. Во тек е гребење на стариот асфалт, по што оваа делница ќе се асфалтира информира велешкиот градоначалник Марко Колев.

Работите ги изведуваат екипи на ЈП „Македонија пат“-Подружница Велес, а со поддршка на Јавното претпријатие за државни патошта кое ги обезбеди средствата. За оваа и претходно за реконструкцијата на уште две делници на влезовите на Велес, за трите делници биле обезбедине околу 44 милиони денари.

Во текот на овој месец, со овие средства беше целосно реконструирана и наново асфалтирана делницата на потегот од пред Мостот на Вардар кај Башино Село до Вулканизер „Дине“ која е една од делницата на регионален пат на уште еден од влезовите во Велес. Со овие средства од ЈП за државни патишта во текот на овој месец се реконструира и втората делница на потегот од Вукланизер „Дине“ до кај  Хотел „Гардениа“. Овие две реконструирани делници од регионален пат се во должина од 2 100 метри, или заедно со третата делница чија реконструкција е во тек се во вкупна должина од 2650 метри.ад/фф/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан