• петок, 05 декември 2025

Почна проектот „Јавни ресурси, јавна одговорност“ во Струга, Дебар и Центар Жупа

Почна проектот „Јавни ресурси, јавна одговорност“ во Струга, Дебар и Центар Жупа

Струга, 2 септември 2025 (МИА) - Мониторинг на користењето на административните ресурси за време на изборната кампања за локалните избори во општините Струга, Дебар и Центар Жупа е целта на проектот „Јавни ресурси, јавна одговорност“ што го имплементира невладината организација КАБ Струга.

Целта на проектот, како што појасни организацијата, е да се открие и спречи злоупотреба на јавните ресурси од страна на општините и општинските претпријатија, придонесувајќи кон транспарентен, правичен и еднаков изборен процес.

- Во рамките на проектот ќе бидат ангажирани лица за мониторинг на терен, ќе се реализираат средби со медиумите и организациите на граѓанското општество, како и панел-дискусија со граѓаните. Овој проект претставува значаен чекор кон заштита на изборниот интегритет и изградба на поодговорна демократија на локално ниво, како и подигање на јавната свест преку локалните медиуми во врска со проектот, соопшти КАБ Струга.

Проектот, додаваат, е дел од пошироката иницијатива финансирана од Владата на Обединетото Кралство со поддршка на Британската амбасада во Скопје, како и на „Програма за поддршка на изборите“ на Швајцарската програма за соработка во Северна Македонија, имплементиранa од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). сс/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан