• сабота, 23 ноември 2024

Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда

Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда

Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) Во рамки на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација, ЈП „Улици и патишта“ - Скопје информира дека почна и обележувањето на пешачките премини со ладна пластика на улиците и булеварите во населба Автокоманда.

Екипите на ова јавно претпријатие изминативе денови ги обележаа пешачките премини на булеварот „Александар Македонски“ на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“ и почнаа со бележење и на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улица „16-та македонска бригада“.

-Обележувањето на пешачките премини со ладна пластика ќе продолжи во текот на вечерните часови на истата крстосница, а бидејќи техниката за нанесување на бојата се изведува рачно и е поспецифична за разлика од обичната боја потребно е повеќе време за изведба. Употребата на ладната пластика на пешачките премини е поквалитетна и се нанесува во подебел слој и гарантира поголема трајност на бојата, се наведува во соопштението. По налог на Град Скопје и Секторот за сообраќај предвидено е со ваков квалитет на боја да бидат обележани улиците во „Мал ринг“ и „Голем ринг“, но моментално оваа боја да се користи при обележување на најфреквентните сообраќајници т.н црни точки во градот. мд/са/

Остани поврзан