• понеделник, 23 декември 2024

Почна меморијалниот  турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ во тетовско Јанчиште

Почна меморијалниот  турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ во тетовско Јанчиште

Тетово, 27 мај 2024 (МИА) -  Дваесет екипи учествуваат на традиционалниот меморијален  турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ во тетовско Јанчиште, Општина Јегуновце. 

Првата фаза од натпреварувањето што стартуваше вчера по групи ќе се игра по бод систем, се до 9 јуни по што се продолжува со елиминации во осминафиналето. Се играат по две полувремиња од по 15 минути. Дневно ќе има по три натпревари, кои ќе почнуваат во 20:15, 21:00 и 21:45.

-На отворањето имаше почесна програма во чест на основачот на турнирот Бобан Симовски-Бобе и неговиот другар Александар Димчевски-Трска. Настанот започнува со настап на Културно Уметничко Друштво „Извор“ од  Јегуновце по што одигра првиот натпревар од групата А помеѓу екипите на Бобе Јуниор - Цоле Бајц Торнадо, информират од организацијата на турнирот.  

Финалето и мечот за трето место се предвидени да се играат на 16 јуни недела. Ќе бидат доделени награди во висина од 155 илјади денари од кои 90 илјади денари на најдобрата екипа.

Турнирот во мал фудбал во Јанчиште во 2011 беше возобновен по иницијатива на Бобан Симовски-Бобе.  ас/лв/

фото ФБ Меморијален турнир во мал фудбал Бобе јуниор 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан