• понеделник, 23 декември 2024

Почна изградба на фекална канализација во демиркапиското село Чифлик 

Почна изградба на фекална канализација во демиркапиското село Чифлик 

Демир Капија, 4 јули 2024 (МИА) - Почна изградбата на фекална канализација во демиркапиското село Чифлик, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.  

- Изградбата на нова фекална канализација во Чифлик е дел од планираното проширување на канализационата инфраструктура во општина Демир Капија и подобрување на условите за живот на населението, како и подобрување на квалитетот на животната средина. Планираната изградба на новата фекална канализација - колектор и крак во Чифлик, целосно ќе го реши проблемот со испуштање на нетретирани отпадни води во реката Дошница, а со тоа што реката Дошница е притока на реката Бошавица, врши индиректно загадување и на оваа река, појасни Петров. 

Должината на трасата на фекалнатата канализација изнесува 1.380 метри.  

- Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.038.600,00 денари. Со новата канализациона линија, ќе се отстрани и опасноста од појава и ширење на заразни болести поради испуштање на отпадните води во атарот на селото и од полевање на земјоделски култури со неисправна вода, соопшти Петров. свд/бд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Лазар Петров 

Остани поврзан