• вторник, 11 јуни 2024

Почна изградба на детско игралиште во село Младо Нагоричане

Почна изградба на детско игралиште во село Младо Нагоричане

Куманово, 22 декември 2023 (МИА) - Почна изградбата на детско игралиште во маалото Брадиновци, село Младо Нагоричане, соопштија денеска надлежните од општина Старо Нагоричане. Теренот за игралиштето веќе се подготвува и се очекува изградбата на детското игралиште да се спроведе во предвидениот рок, согласно јавната набавка.

- Сметаме дека ќе обезбедиме соодветни услови за најмладите кои ќе можат да се рекреираат на ова игралиште, изјави заменик градоначалник на општината, Бобан Цветановски.

За изградбата на игралиштето одвоени се одвоени милион денари од Бирото за рамномерен развој.

Во општината заврши и во тек е изградбата на три патни правци помеѓу Коинце и Челопек, од Сув Ора до Карпино и од село Драгоманце до Стрновац. Инвестициите, сметаат надлежните обезбедуваат поврзување на селата, населението, побрз пристап до регионалните патишта од североисточниот регион и го подобруваат квалитетот на животот во руралната општина. ам/


Фото: Старо Нагоричане и МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан