• петок, 05 декември 2025

Почна изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Почна изградба на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Куманово, 25 ноември 2025 (МИА) - Почна изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, информираа денеска надлежните.
- Во тек е изградба на дел од булевар „Октомвриска Револуција“, на потегот од улица „Доне Божинов“ до улицата „Братство Единство“ во Куманово. Продолжуваме со подобрување на уличната инфраструктура, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Пробивањето на трасата на „Октомвриска револуција“ во текот на летниот период беше одложена за есенва, поради гужвите во средината на август.

Надлежните од општината очекуваат дека со изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ со улиците „Доне Божинов“ и „Братство и единство“ ќе се намали сообраќајниот метеж во Куманово. Како што претходно соопштија од секторот за комунални дејности, за овој проект одвоени се приближно 27 милиони денари, со вклучен данок на додаде вредност.

Проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците кои гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање. Претходно, општината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето.

Ова ќе биде четврт кружен тек во Куманово по трите изградени на булеварот на „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај „Митев мост“. ам/дма/


Фото Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан