Почна изградбата на уште едно детско катче во Куманово
- Почна изградбата на последното од предвидените четири детски катчиња во Куманово, објавија денеска надлежните.
Куманово, 15 август 2023 (МИА) - Почна изградбата на последното од предвидените четири детски катчиња во Куманово, објавија денеска надлежните.
-Се подготвува теренот за изградба на ново детско катче во населбата „Гоце Делчев“, објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Граѓаните во неколку наврати бараа да се постават детски катчиња во населбите и во поширокото централно градско подрачје. Претходно беа предвидени изградба на нови шест детски катчиња. Сепак, по процена на финансиските планови општината одлучи да изгради четири кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкези.
Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот е избрана кумановската компанија „Арс Дизајн дооел“.
Надлежните велат дека размислуваат за различни можности за зачувување на опремата која постојано е мета на вандали. ам/ир
Фото: ФБ Максим Димитриевски