• вторник, 05 ноември 2024

Почна изградбата на нов парк во Струмица

Почна изградбата на нов парк во Струмица
Струмица, 12 септември 2022 (МИА) - Општина Струмица почна да гради нов парк на површина од 20 илјади метри квадратни на локација во поранешната касарна во близина на новата градинка „Виножито“. Според локалната самоуправа, расчистувањето и уредувањето на просторот за новиот парк треба да заврши во наредните 30 денови, а за таа намена од општинската каса се обезбедени 8 милиони денари. -По расчистувањето на просторот предвидено е подигање на зелени површини, поставување на систем за наводнување, засадување цветни садници и нови дрвца, а голем дел од дрвјата кои се наоѓаат таму ќе останат. Во завршната фаза е предвидено поставување на фонтани, клупи, садови за отпадоци, како и соодветно осветлување на паркот долж патеките, информираат од Општина Струмица. Инаку, во овој дел од градот неодамна беше завршена изградбата на нова улица за пристап до новата градинка, а се гради и новото корито на „Свети Илијскиот порој“ со средства обезбедени преку ТАВ програмата. рт/цр

Остани поврзан