• среда, 27 ноември 2024

Почна изградбата на новиот мост на реката Отиња во Штип

Почна изградбата на новиот мост на реката Отиња во Штип

Штип, 4 јули 2023 (МИА) - Почнаа градежните активности за изградба на новиот мост кај хотелот „Оаза“ на река Отиња во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информира дека станува збор за мост кој побрзо ќе ги поврзи жителите на населбите од десната страна на река Отиња.

Од денеска почнаа да се полнат темелите на мостот. Поради еднонасочниот сообраќај на улиците „Маршал Тито“ и „Васил Главинов“, кои се од двете страни на коритото на реката Отиња се создава сообраќаен метеж.

-Од денеска започнуваме со изградба на уште еден мост, до постоечкиот со цел да има двонасочна комуникација, сообраќај. Ова е проект којшто го најавивме пред нколку месеци, а еве денеска и официјално го започнуваме со изградба. Рокот на изградбата е два месеца или 60 дена, вели Јорданов.

Инвестицијата е на Општина Штип и изградбата на новиот мост чини 5,2 милиони денари, а димензиите се во должина  26 метри и седум метри е ширината. Јорданов посочи дека со доизградбата на конзолите на реката Отиња ќе се овозможи двонасочен сообраќај од двете страни на реката. Очекува до крајот на годината да се изградат и пешачките конозили од Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ до зградата на Основниот и Апелацискиот суд. вдј /цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан