• четврток, 19 декември 2024

Почна изградбата на локалниот пат помеѓу кумановските села Косматац, Мургаш и Новосељане

Почна изградбата на локалниот пат помеѓу кумановските села Косматац, Мургаш и Новосељане

Куманово, 11 декември 2024 (МИА) - Почна изградбата на патот помеѓу кумановските села Косматац, Мургаш и Новосељане, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности од општината. Изградбата на патот во должина од пет километри се реализира преку програмата за поврзување на локални патишта и улици, финансиски поддржани од страна на Меѓународна банка за обнова и развој-Светска Банка со учество на општина Куманово за изработка на проектната документација.

- Жителите од овие населени места меѓу себе ќе се поврзат и ќе имаат непречен пристап до останатите регионални правци во општината, изјави помошникот-раководител во секторот, Момчило Јовановски.

Општина Куманово во 2023-тата аплицираше до Министерството за транспорт и врски за изградба на локалниот пат помеѓу селата Новосељане-Косматац-Мургаш. Покрај овој пат, општината подготви проект и за реконструкција на улицата „300“ во приградската населба „Ајдучка Чешма“.

Проектот изградба на некатегоризиран локален пат село Новосељане-село Косматац-село Мургаш во Куманово, како и проектот за реконструкција на дел од улицата „. 300“ во „Ајдучка Чешма“ во Куманово, се аплицирани преку програмата за поврзување на локални патишта и улици, финансиски поддржани од страна на Меѓународна банка за обнова и развој-Светска Банка, преку потпишување на Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а во имплементација на проектна единица во Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија, со што Општината Куманово во целиот овој процес е краен корисник, а целокупната постапка ја спроведуваше проектната единица.

Патниот правец помеѓу селата и улицата во приградската населба беа во исклучително лоша состојба. Пред неколку години општина Куманово делумно го тампонираше патот помеѓу селата Косматац и Мургаш. ам/цр


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан