• среда, 04 февруари 2026

Почна изградбата на водоводната мрежа на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Почна изградбата на водоводната мрежа на дел од булеварот „Октомвриска револуција“  во Куманово

Куманово, 3 февруари 2026 (МИА) - Почна изградбата на водоводната мрежа на дел од булеварот „Октомвриска револуција“, соопшти денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.  Пробивањето на трасата на „Октомвриска револуција“ во текот на летниот период беше одложена,  поради метежот во средината на август.

Надлежните од општината очекуваат дека со изградбата на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ со улиците „Доне Божинов“ и „Братство и единство“ ќе се намали сообраќајниот метеж во Куманово. Како што претходно соопштија од Секторот за комунални дејности, за овој проект одвоени се приближно 27 милиони денари, со вклучен данок на додаде вредност.

Проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците кои гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање. Претходно, општината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето, изработка на техничка документација.

Ова ќе биде четврт кружен тек во Куманово по трите изградени на булеварот „Октомвриска револуција“, на влезот од Куманово, кај Серава и кај Митев мост. ам/дма/

Фото: Општина Куманово

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан