• петок, 22 ноември 2024

Почина четиримесечно бебе во Струшко, причините ќе се утврдуваат

Почина четиримесечно бебе во Струшко, причините ќе се утврдуваат

Струга, 7 август 2024 (МИА) - Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение.

- На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, изјави Димоски.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта. сс/са/ 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан