Почина учесникот во НОВ Џафер Кадрија
- На 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од тетовско Камењане во Општина Боговиње, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија, информираше Општинската
Тетово, 5 ноември 2022 (МИА) - На 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од тетовско Камењане во Општина Боговиње, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија, информираше Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово.
- Сојузот на борци од Тетово со голема тага и жал ја прими веста дека на 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од село Камењане. Кадрија како учесник во НОВ, учествуваше во борбите за конечно ослободување на Југославија во Далматинската бригада, која стигна до границите на Италија и ослободувањето на градот Трст, информираат од организацијата.
За своето учество во НОВ, оваа година од претседателот на државата Стево Пендаровски беше одликуван со Медал за храброст. ас/сп/