• понеделник, 23 декември 2024

Почина трикратниот светски шампион Пеле

Почина трикратниот светски шампион Пеле

Сао Паоло, 29 декември 2022 (МИА) - Почина легендарниот фудбалер, трикратниот светски шампион Пеле, пренесе вечерва „АП“.

Неодамна поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација беше во болница по влошена здравствена состојба.

Пеле се бореше со прогресивните ефекти на ракот на дебелото црево. Болеста беше откриена кај Пеле минатата есен, по што 82-годишниот Бразилец беше подложен на хемотерапија, но подоцна телото престана да реагира на тоа. Во врска со ова, неговата состојба постепено почна да се влошува, а на 29 ноември беше хоспитализиран.

Едсон Арантес до Насименто пеле е единствениот фудбалер во историјата кој освоил три Светски првенства (во 1958, 1962, 1970 година). Во текот на кариерата за Бразил одигра 92 натпревари и постигна 77 голови.

Пеле го држеше рекордот по постигнати голови за националниот тим до неодамнешното Светско првенство во Катар, каде Нејмар го повтори достигнувањето.

Во 2000 година, ФИФА ги прогласи Пеле и Диего Марадона за најдобри фудбалери на 20 век. зс/

Остани поврзан