• петок, 22 ноември 2024

Почина светскиот рекордер во фрлање кладиво Јуриј Седих

Почина светскиот рекордер во фрлање кладиво Јуриј Седих
Париз, 14 септември 2021 (МИА) – Сопственикот на најдобриот резултат на сите времиња во фрлање кладиво, Русинот Јуриј Седих, почина на 66-годишна возраст поради проблеми со срцето, соопшти денеска Атлетската федерација на Русија. Роден во руското гратче Новочеркаск во 1955 година, Седих на рана возраст се пресели во Украина, а по распадот на Советскиот сојуз живееше во Франција. Во исклучително успешната кариера, Седих освои две златни и еден сребрен олимписки медал, а беше и светски првак и трикратен европски шампион. Неговото постигнување од Штутгарт 1986 година (86.74 метри) и натаму е светски рекорд во дисциплината фрлање кладиво. ег/паг/

Остани поврзан