• петок, 22 ноември 2024

Почина родилка од Делчево на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје

Почина родилка од Делчево на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје

Штип, 27 декември 2023 (МИА) - Почина родилка од Делчево на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала, каде што го извршиле породувањето, но настапило масивно крвавење кај родилката, по што веднаш и е извршена интервенција. Мајката и новороденчето веднаш се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.

Од Клиничка болница-Штип најавија повеќе информации во писмено соопштение во текот на утрешниот ден. вдј/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан