Почина продуцентот Стив Бинг
- Според западните медиуми, Бинг страдал од депресија и се самоубил. Ни полицијата, ниту блиските на починатиот сѐ уште не ја потврдија оваа информација.
Лос Анџелес, 23 јуни 2020 (МИА) - Холивудскиот продуцент Стив Бинг почина на 56-годишна возраст, откако падна од 27-от кат на зграда во Лос Анџелес, објави ТМЗ.
Според медиумите, Бинг страдал од депресија и се самоубил. Ни полицијата, ниту блиските на починатиот сѐ уште не ја потврдија оваа информација.
Бинг е познат по филмовите „Поларен експрес“ (Polar Express) со Том Хенкс, „Фати го Картер“ (Catch Carter) со Силвестер Сталоне и документарецот на Мартин Скорсезе - „Блесок светлина“ (Shine a light).
Продуцентот има дете со британската глумица Елизабет Харли и, со поранешната тенисерка Лиза Бондер. си/ми/