• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - По кратко боледување денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Томиќ долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 кадe работеше како уредник во информативната редакција и остави значаен белег во своето известување и аналитички пристап.

Својот професионален ангажман подоцна го продолжи во маркетинг секторот,  работејќи во секторите за односи со јавност. нд/ац/

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан