• сабота, 23 ноември 2024

Почина наjстариoт мaж вo светот

Почина наjстариoт мaж вo светот
Токио, 25 февруари 2020 (МИА) - Само 11 дена пред да наполни 113 години, највозрасниот маж во светот, Јапонецот Читецу Ватанабе почина. Тој беше роден  на 5 март 1907 година и пред неколку недели беше прогласен за рекордер со своите 112 години. На 12 февруари, тој официјално ја презеде титулата од друг Јапонец - Масаѕо Нонака, кој почина на 113-годишна возраст на крајот на јануари. Статистиката посочува дека Јапонците се најдолговечната нација на светот. Во 2015 година бројот на луѓето над 80-годишна возраст во таа земја надмина 10 милиони. Највозрасниот човек воопшто денес е 117-годишната Јапонка Кане Танака. си/ми/

Остани поврзан