• сабота, 18 мај 2024

Почина клавијатуристот на „Депеш мод“, Енди Флечер

Почина клавијатуристот на „Депеш мод“, Енди Флечер
Лондон, 27 мај 2022 (МИА) - Британскиот бенд од областа на алтернативната рок-музика „Депеш мод“ објавија дека нивниот клавијатурист Енди Флечер почина на 60 години. - Во шок сме и исполнети со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот, Енди 'Флеч' Флечер, се вели во соопштението. Засега не е позната причината за смртта на рок-музичарот. - Флеч имаше златно срце и секогаш беше тука кога ви треба поддршка, разговор, смеа или - ладна кригла. Нашите срца се со неговото семејство и ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие тешки времиња, додаваат тие. Флечер беше еден од основачите на групата, а во 2020 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот. си/ми/

Остани поврзан