• понеделник, 23 декември 2024

Починал 88-годишен пешак во Нов Дојран

Починал 88-годишен пешак во Нов Дојран
Скопје, 1 март 2022 (МИА) - Во СВР Струмица вчера било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Нов Дојран, товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(60) од Нов Дојран, движејќи се наназад, удрило во П.П.(88) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во ЈЗУ Гевгелија каде починал. Како што информираат од МВР, извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Гевгелија. По наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.бт/дма/

Остани поврзан