• вторник, 24 декември 2024

Почеток на рок-турнејата на „Ролинг стоунс“

Почеток на рок-турнејата на „Ролинг стоунс“
Сент Луис, 27 септември 2021 (МИА) - Рок-бендот „Ролинг стоунс“ вчера ја почна турнејата ширум САД, под наслов „No Filter”. На самиот почеток одеше видео посветено на нивниот неодамна починат тапанар Чарли Вотс, а за британскиот бенд, ова е нивна прва турнеја, од 1963 година, без него. Додека 60.000 луѓе го извикуваа името на Чарли, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд излегоа на сцената за да ја отсвират првата песна „Street Fighting Man“. Спротивно на гласините, немаше лого на бендот со црна лента којашто би ја означувала смртта на Вотс. Тапанарот почина во Лондон во август по операција за којашто не се соопштени подробности. На концертот во Сент Луис, Стив Џордан го зазеде местото на Вотс како тапанар. Турнејата со 13 концерти, која беше одложена поради пандемијата на коронавирус, завршува во ноември. Бендот е поделен за тоа - дали ова ќе биде нивната последна турнеја? - Тоа прашање ми го поставуваат откога имав 31 година. Не знам. Мислам, сѐ може да се случи. Знаете, ако работите одат добро следната година и сите се чувствуваат добро на турнејава, сигурен сум дека ќе одржиме уште концерти. Сега се обидувам да се сосредоточам на оваа турнеја, рече претходно 78-годишниот Џегер. Тој беше подложен на операција на срцето во 2019 година.  си/

Остани поврзан