• сабота, 06 јули 2024

Почетокот на натпреварот Манчестер јунајтед – Ливерпул одложен поради протест на навивачите

Почетокот на натпреварот Манчестер јунајтед – Ливерпул одложен поради протест на навивачите
Манчестер, 2 мај 2021 (МИА) - Навивачите на Манчестер јунајтед се пробија на „Олд Трафорд“ неколку часа пред натпреварот против Ливерпул. Почетокот на дербито од 34. коло на англискиот шампионат е одложен на неодредено време, соопшти „Sky Sports“. Според извештаите на британските медиуми, Премиер лигата објави дека почетокот на натпреварот е одложен поради протести на навивачите на стадионот „Олд Трафорд“. Забележано е дека екипите се уште се во хотелот и не можат да излезат на теренот. Навивачите на Јунајтед бараат оставка од сопствениците на клубот - семејството Глејзер. Почетокот на натпреварот беше закажан за 17:30 часот. зс/

Остани поврзан