• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Почести БратСКО еспресо“: Скопјани повторно покажаа солидарност

„Почести БратСКО еспресо“: Скопјани повторно покажаа солидарност

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Бар-ресторан во Скопје покрена иницијатива за донирање кафе „еспресо“ за следниот случаен гостин. Така, предизвикот „Почести БратСКО еспресо“ беше препознаен од скопјани уште на самиот почеток, велат од гостилницата.

„Над 300 'братски еспреса' се подарени само првиот ден од предизвикот. 'БратСКО еспресо' е субвенционирано или однапред платено 'еспресо', коешто го подарувате на оној кој ќе дојде по Вас. Нема име. Нема ознака. Само искрен гест. И, токму тоа е убавината. Зад иницијативата стои идеја за потсетување на солидарноста, човечноста и заедништвото“, соопшти ресторанот „Форца“ (Forza). 

Скопјани, се вели, покажаа дека солидарноста не исчезнала и отсекогаш била тука. 

„'БратСКО' е потсетник дека си требаме и дека скопјани умеат да бидат тука еден за друг. 
Секој ден, од 08:00 до 13:00 часот, во 'Форца“ и 'Форца фусион', со симболични 66 денари додадени на Вашата сметка, подарувате кафе. Подарувате момент. Подарувате знак дека некој мисли на некого“, се додава на крајот од известувањето.

Фото: „Форца“

Остани поврзан