Потрошувачите во Бугарија се соочуваат со зголемување на цените на лебот
- Еден од најчестите типови леб, кој до неодамна се доставуваше по цена од 1,35 лева, сега чини 1,62 лева – точно 20 отсто поскапување
Софија, 3 јануари 2025 (МИА) - Во Бугарија се бележи значително зголемување на цените на лебот, откако од 1 јануари се врати ДДВ стапката од 20 проценти.
- Еден од најчестите типови леб, кој до неодамна се доставуваше по цена од 1,35 лева, сега чини 1,62 лева – точно 20 отсто поскапување, изјави Марија Кабамитова, сопственичка на мала продавница во Пловдив, пренесува Медиапул. (1 лев = 31.47 денари)
Во Стара Загора, најголемата пекарница доставува леб од 600 грама по цена од 1,56 до 1,60 лева, а крајната цена за потрошувачите зависи од маржите на продавниците.
Зголемувањето на цените е поврзано и со поскапувањето на електричната енергија, водата и минималната плата. Пекарниците најавуваат дополнителни покачувања во наредните месеци.
Во Шумен и други градови како Дупница и Пазарџик, цените на лебот се зголемени за 20-30 стотинки, а леб под 2 лева веќе не се продава. ссм/
фото: архива