Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и „Кинотека“
- Како што попладнево информираа од Општина Кисела Вода, меморандумот има за цел унапредување и збогатување на културниот живот во општината, преку реализација на заеднички проекти, што ќе овозможат поголема достапност на културни простори, промоција на филмската уметност и организација на разновидни културни содржини.
Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Меморандум за соработка е потпишан денеска, од страна на градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на „Кинотека“, Бошко Грујоски.
Како што попладнево информираа од Општина Кисела Вода, меморандумот има за цел унапредување и збогатување на културниот живот во општината, преку реализација на заеднички проекти, што ќе овозможат поголема достапност на културни простори, промоција на филмската уметност и организација на разновидни културни содржини.
- Во рамки на соработката, жителите ќе имаат можност да присуствуваат на бесплатни филмски проекции, презентации и на други настани што ќе придонесат за подинамичен и поквалитетен културен живот на локално ниво, истакнаа од локалната самоуправа.
Според градоначалничката, со потпишувањето на овој меморандум, се потврдува нивната посветеност кон културното збогатување на општината.
- Соработката со „Кинотеката“ ќе овозможи уметноста и културата да бидат подостапни за сите жители на Кисела Вода, ќе создаде нови можности за културни случувања и ќе ја поттикне љубовта кон филмот и уметноста. Ваквите заеднички проекти ја градат културната сцена и го зацврстуваат идниот развој на локалната култура, се наведува во пишаната изјава на Стаменкоска Трајкоска. бд/са/
Фото: Општина Кисела Вода