• петок, 22 ноември 2024

Потписите против центар за третман на отпадна гума утре кај градоначалникот на Кавадарци 

Потписите против центар за третман на отпадна гума утре кај градоначалникот на Кавадарци 

Кавадарци, 14 август 2024 (МИА) - Потписите против регионален центар за третман на отпадна гума што кавадарчани ги собираа една недела, утре ќе бидат доставени кај градоначалникот Митко Јанчев. Како што информира Орданче Бошковски од граѓанската иницијатива што организираше петиција против нова Г-1 индустрија во кавадаречка општина, досега се собрани над 5 000 потписи.   

-Денеска ќе биде последен ден за собирањето потписи кое почне пред една недела. Во текот на вчерашниот ден добивме цврста гаранција од градоначалникот Јанчев дека утре потписите ќе бидат  примени во  општината и дека сагата околу регионалниот центар за собирање на отпадни гуми на територија на општина Кавадарци ќе биде завршена работа, дека ќе се почитува гласот на народот. Сакаме да се заблагодариме на сите на високата демократичност и култура која се покажа во оваа граѓанска петиција, фала на сите кои помогнаа ова да успее и да продолжиме да живееме заедно и сложно во нашето убаво и мило Кавадарци, да се бориме за подобро, почисто, поурбано Кавадарци за нас и идните генерации кавадарчани, подвлече Бошковски. 

Тој додаде дека кавадарчани сплотено застанаа против најавената Г-1 индустрија од страна на заинтересиран инвеститор и нагласи дека секогаш вака ќе реагираат, на намери да се инвестира во такви објекти. свд/мч/

Фото : МИА 

Остани поврзан