Потпалена депонијата во Кратово
- Депонијата во Општина Кратово во текот на изминатата ноќ била потпалена, информира градоначалникот Љупчо Бојаџиев. Апелира граѓаните, мештаните во близина на селото каде е лоцирана депонијата
Крива Паланка, 22 мај 2020 (МИА) - Депонијата во Општина Кратово во текот на изминатата ноќ била потпалена, информира градоначалникот Љупчо Бојаџиев. Апелира граѓаните, мештаните во близина на селото каде е лоцирана депонијата да соработуваат со надлежните со цел поскоро откривање на сторителите.
-Утринава Кратово осамна обвиткано во облаци чад и загушлива реа во воздухот, што подразбира дека во текот на периодот на ограничено движење некој предизвикал опожарување т.е. потпалување на депонијата. Овие сомнежи се од фактот дека потпалувањето е повеќе од очигледно, со оглед на тоа дека синоќа и во текот на ноќта температурите на воздухот беа исклучително ниски и е не е можно да дојде до самозапалување на отпадот, рече Бојаџиев, потенцирајќи дека изминатото деноноќие врнеше и дожд.
Рече, се претпоставува дека станува збор за пиромани,а причините и сторителите веќе ги бараат надлежните од Министерството за работа.
-Очигледно се работи за пиромани. Очекувам силна соработка на месното население кое живее во близина и од органите на МВР, кои во овие околности се дополнително помобилни од вообичаено. Инаку, регионот, со општините од Истокот и Североистокот се надеваат на што поскоро решавање на проблемите со депониите со конечната изградба на регионалната депониаја во Свети Николе, која засега е во прва фаза, за набавка на специјализирани возила за транспорт на смет. Реализацијата на проектот е забавена поради состојбата со пандемијата, додаде Бојаџиев.иб/ир