• вторник, 26 ноември 2024

Пост Малоун го продава својот уникатен автомобил

Пост Малоун го продава својот уникатен автомобил
Лос Анџелес, 9 декември 2020 (МИА) - Американскиот рапер и продуцент Пост Малоун го продава својот уникатен „Мекларен Сена икс-пе“ автомобил, попознат како „господарот на Монако“. Ова е еден од трите експериментални прототипи кои фирмата „Мекларен Беверли Хилс“ ги трансформираше и продаде како прилагодени возила. „Мекларен Сена“ е суперавтомобил со кој му се оддава почит на починатиот бразилски Формула 1 возач Аиртон Сена, кој своевремено забележа шест победи во Монако. Возилото е обложено со јаглеродни влакна и содржи мноштво црвено-бели шари кои ги претставуваат боите на знамето на Монако. На задниот спојлер има и специјални сопирачки и бројот 12 - оној на Аиртон. Праговите, вратите, таблата и седиштата се украсени со темноцрвен карбон, што е присутен и на воланот и на централната контролна табла. Внатре има и потпис на Сена, како и рачно нацртана слика како тој го вози својот автомобил. Знамето на Монако е зашиено и на потпирачите за глава, а има и посебни плочки со натпис „Господар на Монако“. Пост Мелоун е единствен сопственик на овој суперавтомобил и има поминато само 236 километри. Цената не е јавно објавена. си/ми/  

Остани поврзан