• понеделник, 23 декември 2024

Постепено се нормализира квалитетот на водата за пиење во Струга

Постепено се нормализира квалитетот на водата за пиење во Струга

Струга, 7 ноември 2023 (МИА) – Постепено се нормализира квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга во однос на матноста, покажуваат денешните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид.

- Денешните, првични физичко-хемиски анализи на водата за пиење од Градскиот водовод во Струга, вклучително и за параметарот матност, покажуваат вредности кои се во границите на законски дозволените/пропишаните, стои во информацијата на Центарот за јавно здравје Охрид

Според наведеното, во тек е и микробиолошката анализа на земените примероци на вода, по што, конечните резултати од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, ќе бидат испратени до соодветните, надлежни инспекциски органи за натамошно постапување. сс/ир

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан